Фото: Тие се згодни и неодоливи…Но дали нивните насмевки се вистински?!

Во повеќето случаи нивните насмевки се само за позирање, моделите се луѓе кои се полни со несигурност.Гледајќи ги убавиците од насловните страници на магазините лесно е да се помисли дека тие се сигурни во себе и уверени во својата убавина.
Меѓутоа, Миранда Кер тврди дека во повеќето случаи нивните насмевки се само за позирање и дека моделите се луѓе кои се полни со несигурност.
Миранда Кер ќе биде на насловната за ноемвриското издание на магазинот „Космополитен”, таа за магазинот говори за тешкотиите и борбите со кои се соочила за време на нејзината кариера.
– На почетокот имаше многу отфрлања. Моделите се најнесигурни личности што некогаш сум ги запознала, бидејќи нив постојано им говорат дека не се доволно добри. За нас е задолжително постојано да вежбаме и да ја градиме самодовербата, раскажува синооката Миранда.
Ова не е прв пат да слушаме дека славните убавици имаат проблеми со самодовербата.
Миранда Кер вели дека таа успеала да постави личен бaланс, уште од почетокот на нејзината кариера таа се чувствувала добро во своја кожа. Ова во голема мера се должи на фактот што моментално е втора на листата на највисоко платени модели.
– Тајната е во тоа да не чувствувате дека мора се да постигнете, вели Миранда.

 Гледајќи ги убавиците од насловните страници на магазините лесно е да се помисли дека тие се сигурни во себе и уверени во својата убавина.

Пронајдете не на следниве мрежи: