ФОТО: Успеале да продадат „Смарт“ иако 7 години бил потопен во море

Германија: Автомобилот е украден и потопен во море кај Вилхелмсхафен. Го извадиле пред еден месец и го продале на eBay. Очекувале дека ќе добијат само 100 евра…Седум години украден автомобил бил на дното на морето. Сега ова возило преполно со школки е продадено на eBay аукција за 1131 евра (околу 69.560 денари).

Продавачот Andreas Jäger вели дека се воодушевени бидејќи мислеле дека за возилото ќе добијат најмногу 100 евра (околу 6000 денари). Смартот бил украден и потопен во пристаништето кај Вилхелмсхафен во северна Германија. Седум години бил во вода, се насобрало ‘рѓа, школки, морска трева. Шлеп службата го извадила од морето пред еден месец.

– Помисливме дека би било штета да се уништи па одлучивме малку да забавиме – вели продавачот кој во слободно време се занимава со авто тунинг.
– На крајот имавме 56 понуди и 120.000 кликови – вели Jager. Најголемата понуда ја даде еден маж од Вилхелмсхафен. Парите ќе отидат во добротворни цели во тој град. Седум години украден автомобил бил на дното на морето. Сега ова возило преполно со школки е продадено на eBay аукција за 1131 евра (околу 69.560 де

Пронајдете не на следниве мрежи: