Фото+ Видео: 10 приказни за вонземјаните за кои зборува целата планета- II дел

Додека сеуште постојат оние кои сметаат дека вонземјаните постојат и дека доаѓале на Земјата, други тврдат дека не постојат ни летечки чинии ни вонземјани и дека сето тоа е теорија за некоја завера. Денес во целиот свет се обележува Светскиот ден на НЛО.
На овој ден можеме да се потсетиме на најинтригантните и најневеројатните приказни во врска со појавата на НЛО и вонземјаните за кои зборува целата планета.
Првиот дел за вонземјаните за кои зборува целиот свет можете да го погледнете ТУКА
А со вториот дел продолжуваме на следната страна. Бидете подготвени, ќе дознаете навистина неверојатни работи!

6.Блиска средба
Пилот на патнички авион тврди дека во јули во близината на лондонскиот аеродром Хитроу видел НЛО.Исплашениот пилот кажал дека летечкиот сребрен објект во облик на топка за рагби поминал доста близу до патничкиот авион А320 „Ербас“ со кој управувал.
Блиската средба се случила триесет километри западно од аеродромот Хитроу во Лондон. Пилотот бил сосема сигурен дека ќе се судри со објектот кој го здогледал. Неговата прва реакција била да сврти надесно. Очекувал судар- се наведува во извештајот за инцидентот.Бидејќи го избегнал сударот, капетанот ги проверил инструментите и го пријавил случајот во контролата на летовите но НЛО-то исчезнало.

7.Аутопсија на вонземјаните во СФРЈ
Во ноември во 1966 година во пределот блиску до малото село Оточек во бивша СФРЈ, летечки објект се срушил и непознато суштество е извлечено од леталото. Случувањето набргу добило ознака- СТРОГО ДОВЕРЛИВА, а на населението и сведоците им било кажано дека се работело за воена вежба која ја изведувала тогашната Југословенска народна армија (ЈНА).
За телото кое било прекриено со земја и парчиња од метал, било кажано дека припаѓало на некој пилот. Кажано е и дека телото било деформирано од пламен и жештина.

8. Средба на Русите и вознемјаните!
Во дел од приказните за американските медиуми се вклучува и НЛО кое се срушило во 1969 година, и кое го открила руската војска, а исто така е објавена обдукција на еден вонземјанец!Во последно време на интернет започна да кружи приказна во која се тврди дека Русите веќе со децении се запознаени со вонземјанските цивилизации. И иако приказната за руските НЛО-а не е нова, таа повторно се најде помеѓу медиумите, најпрвин поради тоа што американскиот Hufington Post објави текст во кој се прашува зошто американските mainstream медиуми во потполност го игнорираат ова? 
По повод на објавувањето се приклучил и порталот Voice Of Russia во кој се тврди дека Русите првата средба со вонземјаните ја имале во 1942 година.Дел од нивната приказна вклучува и НЛО кое наводно се срушило во 1969 година а кое го открила руската војска, при што е направена и обдукција на еден вонземјанец.

9. Секс со вонземјанец!
Џез пејачката Памела Стоунбрук кажува дека имала страствена врска со еден вонземјанец. „Моето прво сексуално искуство со вонземјанец беше потполно нереално“. Беше толку пријатно и нежно, но да не навлегувам во премногу детали, ќе ви кажам само дека беше поголем од повеќето мажи. Таа рекла дека се разбудила покрај три метри висок возенмјанин кој изгледал како „грчки бог“.

10. Снимен НЛО на Месечината
Gugl Mun неодамна снимил чуден објект на Месечината, а сликата го обиколи целиот свет и предизвика контроверзни реакции. Чудниот објект во облик на триаголник кој на ивицата има седум светилки е сликан со координати 22042'38.46 N и 142034'44.52 E кои можете да ги најдете на Gugl Mun .Теоретичарите се прашуваат дали е во прашање НЛО, отфрлен дел од НЛО или можеби човечка база на Месечината?Тие исто така кажуваат дека таква слична структура е видена и на Антартикот.Денес во целиот свет се обележува Светскиот ден на НЛО.
На овој ден можеме да се потсетиме на најинтригантните и најневеројатните приказни

Пронајдете не на следниве мрежи: