Додека сеуште постојат оние кои сметаат дека вонземјаните постојат и дека доаѓале на Земјата, други тврдат дека не постојат ни летечки чинии ни вонземјани и дека сето тоа е теорија за некоја завера. Денес во целиот свет се обележува Светскиот ден на НЛО.
На овој ден можеме да се потсетиме на најинтригантните и најневеројатните приказни во врска со појавата на НЛО и вонземјаните за кои зборува целата планета.
1. Русија- Немоќни сме против нападот од Свемирот
Русија официјално призна дека била немоќна во случајот на нападот на Земјата од страна на свемирот. Сергеј Березхној, одговорен за Свемирскиот контролен центар, рекол дека од одбранбените сили не барал да се подготват од евентуалниот напад од вонземјаните.
„Има доволно проблеми и на самата Земја“- кажува Березхној.
2.Мистериозни кругови
Правилните кругови кои се појавиле околу долгиот оток, на хрватското крајбрежје на Јадранското море ги збуниле и научнииците кои не можеле да го објаснат нивното потекло. Меѓутоа геологот и уфолог Стјепан Звонариќ од “Велика Горица“ смета дека има одговори за сето тоа…„Мислам дека тоа се градежни структури кои луѓето ги создале пред повеќе од 20.000 години. Тоа го граделе како писта за слетување на вонземјанските бродови, кои тогаш се движеле и доаѓале на земјата“- кажува тој.
3. Полицијата ја следела НЛО
Неидентификуван летечки објект е забележан на 6 јануари во попладневните часови над стадионот на Фудбалскиот клуб Вердер од Бремен, а дека нешто навистина чудно се случувало потврдила и полицијата. Германските медиуми пренесуваат дека полицајците ги пратело НЛО, а сето тоа го забележала и видео камерата.
4. НЛО слетало во германскиот град
Ова е толку реална снимка па веднаш се претпоставува дека се зборува за режирани кадрови. Од друга страна интересирањето на Јутуб е огромно бидејќи за прв пат се гледа летечка чинија која слетува.
5. Американски маринец- Се борев со вонземјаните!
Бившиот маринец кој се претставува под името капетан Кај, тврди дека на Марс се наоѓаат дури пет колонии во кои живеат луѓе и како тој всушност го посветил животот за борба за нивна безбедност. Служејќи во свемирската база наречена “Земјини одбранбени сили“, чии регрути според зборвите на кепетанот Кај , доаѓаат од земјите како САД, Кина и Русија поминал 17 години.Како што кажува еден од неговите колеги, припадник на морнарицата, својот работен век го поминал учејќи да управува со леталата и бомбардерите во стилот од Звездените војни.Капетанот Кај својот живот како што тврди го поминал во борба против Марсовците кои сакале да завладаат со целата планета.Денес во целиот свет се обележува Светскиот ден на НЛО.
На овој ден можеме да се потсетиме на најинтригантните и најневеројатните приказни