ФОТО: Возачите од Србија: „Македонците за исти пари поминуваат 354 км повеќе од нас“

Со 5.000 динари (2.500 македонски денари) возачите на дизел автомобили во Македонија можат да поминат 354 километри повеќе отколку возачите во Србија. За да можат Србите да поминат исто километри колку Македонците, мораат да издвојат уште 2.655 динари, пишува српски Курир.Причината за ваквата состојба е што евродизелот во Србија, според податоците на Здруженеито на нафрени компании на Србија, е 44 динари поскап од оној во Македонија, пред се поради даночните оптоварувања – акцизи, ДДВ и надоместокот за задолжителни резерви. Македонската држава зема 46 отсто од малопродажната цена на евродизелот, а српската 60. Тоа значи дека во Србија за 125 динари купувате литар евродизел на бензинска пумпа, а државата од нив добива 77,5 динари.
Поради големите давачки, Србија по цената на овој нафтен дериват е втора во регионот, па не е чудно што и други возачи, освен Македонците, можат да преминат повеќе километри за 5.000 динари. Во Босна и Херцеговина можат да поминат 314 километри повеќе, во Црна Гора 143, па и во Хрватска која е членка на ЕУ, во плус се 34 километри, пишува Курир.рс.

Инаку, Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе почнат да важат од полноќ. Во Македонија бензините поевтинуваат за 3 денари, цената на дизелот не се менува.
Литар ЕУРОСУПЕР БС 95 од полноќ ќе се точи за 55 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 за 57 денари за литар.
Цената на дизелот останува на 41 денар за литар.Причината за ваквата состојба е што евродизелот во Србија, според податоците на Здруженеито на нафрени компании на Србија, е 44 динари поскап од он

Пронајдете не на следниве мрежи: