Два автомобили се судриле вчера на локалниот пат Сремска Митровица – Велики Радинци во Србија. Загинаa три лица, а едно лице е тешко повредено – пишува српски „Блиц“.Според првичните информации загинал командантот на поранешната паравоена едiница „Шкорпиони“, Слободан Медиќ (47), неговата сопруга Љ.М. (45) и синот Д.М. (17).
На семејството Медиќ, кое се наоѓало во „тојотата“ со својот автомобил „рено“ налетал Дејан К. (28) од Велики Радинци, кој во моментот на несреќата имал 1,9 промили алкохол во крвта. Тој ја иzгубил контролата над возилото, преминал во левата лента и се судрил со „тојотата“, која поради силниот удар се превртила на кров и завршила во канал.
Несреќата во која загинал Медиќ со семејството се случила вчера околу 17 часот.
„Затекнавме страшна глетка – две безживотни тела лежеа во смачканата „тојота“, додека телото нa жената беше излезено од автомобилот. Моравме да го сечеме автомобилот за да ги извлечеме телата, вели за „Блиц“ Стеван Пејиќ, началник на Одделението за вонредни ситуации во Сремскиот округ.Според првичните информации загинал командантот на поранешната паравоена едiница „Шкорпиони“, Слободан Медиќ (47), неговата сопруга Љ.М