Фото: Зошто јазикот на Мајли има толку бела боја?!

Живееме во време кога нашето слетување на Месечината, нaшeто “I have a dream” е – јазикот на Мајли Сајрус. Толку медиумски покриен што остана само со него да се позанимаваат експерти за орална хигиена.Магазинот Слејт реши да се позанимава со веројатно единствениот аспект на вечно исплазениот јазик на Мајли Сајрус кој досега не добил соодветен медиумски третман. Тој беше предмет на шоубизнис емисии, насловни страници, кавги на социјалните мрежи, преписки и замислени преписки и остана само уште да се опфати медицинскиот агол на “темата”.
Одговор на прашањето зошто јазикот на Мајли е толку бел луѓето од магазинот побарале од познатата Мејо клиника. Бојата на јазикот, неговата обвивка и евентуалните пукнатини се сериозен индикатор на здравствената состојба на еден човек.

 

Белината најчесто е знак за воспаление на јазичните папили (мали, локализирани центри за вкус и арома на внатрешниот мускул во стомата т.е. јазикот; накратко – јазикот) и може да биде резултат на нечистотија, бактерија или габично заболување.
Најчесто ваквите воспаленија се безопасни и краткотрајни. Во поголем дел случаи се предизвикани од дехидратација, алкохол, цигари…. а поретко знаат да бидат и индикатор на посериозни автоимуни пореметувања или сифилис.

Тамошните новинари не успеале да го најдат личниот забар на Мајли но консултирале друг со помош на илјадниците расположиви фотки на интернет. Тој рекол дека на повеќето слики јазикот изгледа сосема нормално но на некои може да делува загрижувачки.
Заклучок Мајли задолжително треба да отиде кај својот забар и да види што е работата, за да не се искомплицира се, па да дојде до потреба од биопсија.Магазинот

Пронајдете не на следниве мрежи: