ФОТОГАЛЕРИЈА: „Вардарки“ преку Турингер до првата победа во ЛШ

Македонскиот претставник во Лигата на Шампионите за дами, тимот на ЖРК Вардар го одигра својот прв дуел пред СЦ „Јане Сандански“ во ова натпреварување и стигна и до првиот триумф во групната фаза.Сепак, трибините не беа исполнети според очекувањата и имаше околу 2.000 гледачи кои го следеа дуелот, а гостинот на теренот излезе со само 9 ракометарки што беше малку чудна сцена пред почетокот на дуелот.

„Вардарки“ славеа убедлива победа со резултат 26:21 (12:10), иако триумфот не беше така лесен. Тие мечот не го отворија најдобро, а Турингер во почетната фаза од мечот беше одличен. Во 8-та минута од мечот се повреди Бегоња Фернандез и мораше да го напушти теренот, а во тој период Турингер направи голема серија од дури 5:0.
По 10 минути игра Турингер ја имаше предноста со резултат 4:6, но потоа на сцена стапи Ина Суслина која фантастично бранеше на мечот. Успеа да направи дури 9 одбрани за неполни 10 минути поминати на теренот.

Големо признание за овој меч треба да и се оддаде на Суслина која имаше неверојатни 29 интервенции, а во нашиот напад одлична беше Пенезиќ која постигна 8 погодоци. Андреа Лекиќ на овој натпревар погоди пет пати и беше една од најефикасните на теренот. Турингер го предводеше Миецнер која погоди седум пати.
Вардар со овој триумф ги освои првите бодови во групата по поразот од Будуќност на гостински терен во првото коло. Следниот натпревар Вардарки го играат на 2-ри ноември на гостински терен кај Подравка.

За повеќе фотографии и информации, одете на: sport365.mkСепак, трибините не беа исполнети според очекувањата и имаше околу 2.000 гледачи кои го следеа дуелот, а гостинот на теренот излезе со само 9 раком

Пронајдете не на следниве мрежи: