ФОТО:Трагичната судбина на маестралните браќа Маџирови- Игор и Зоран прерано го напуштија овој свет

Иако последните шест месеци по тешката сообраќајка ги помина во болнички кревет, во длабока кома, тажната вест за единствениот Зоран Маџиров, вчера ја шокираше македонската јавност. Јавноста ја памети прераната смрт и на неговиот брат, супер талентираниот Игор Маџиров, кој почина во 2000-та година на само 30 години.Музичарот кој по потекло е од Струмица, на почетокот на октомври минатата година беше тешко повреден во страотна сообраќајна незгода. Познатиот виртуоз почина вчера на 49 годишна возраст. Во коматозна состојба, Маџиров беше префрлен на Карил во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот. Сообраќајната незгода се случи кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш. Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.
Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото „Les Barons Karamazoff“, со кое реализирал два проекта: „Historical recordings“ и „Pytagorean glasess and lute“
Го револуционизирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото „Les Barons Karamazoff“ настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти.
На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал. За Музичката и касетна продукција при Македонска Радио Телевизија кон крајот на 2000 година го објавил неговиот прв домашен компакт диск „Home“. Издаде 15-тина дискови, а како негов музички тестамент ќе остане „Roots on a Roof – Balkano nuevo“ во издание на Скопје џез фестивал.
Маџиров настапувал на сите познати светски телевизии и медиуми, како Си-Ен-Ен, Фокс, Еј-Би-Си, АРД, Зе-Де-Еф, ТВ5, РАИ, а значајни се и неговите настапи на Олимписките игри во Барселона и Атланта, на Експо во Севиља и во Еуро Дизни во Париз.
Познатиот водител Лари Кинг прв го нарече – Ботлмен.
17 години без неговиот брат Игор- детето со црвената коса
Во февруари се навршија 17 години од смртта на една од македонските актерски легенди, струмичанецот Игор Маџиров, брат на Зоран Маџиров. Околу смртта на актерот кружеа многу гласини, вистини и невистини, но случајот никогаш не се расветли до крај.  Маџиров имаше само 30 години кога во се уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот од неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка.
Маџиров настапувал на сите познати светски телевизии и медиуми, како Си-Ен-Ен, Фокс, Еј-Би-Си, АРД, Зе-Де-Еф, ТВ5, РАИ, а значајни се и неговите настапи на Олимписките игри во Барселона и Атланта, на Експо во Севиља и во Еуро Дизни во Париз.
Познатиот водител Лари Кинг прв го нарече – Ботлмен.
17 години без неговиот брат Игор- детето со црвената коса
Во февруари се навршија 17 години од смртта на една од македонските актерски легенди, струмичанецот Игор Маџиров, брат на Зоран Маџиров. Околу смртта на актерот кружеа многу гласини, вистини и невистини, но случајот никогаш не се расветли до крај.  Маџиров имаше само 30 години кога во се уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот од неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка.
Во продолжение документарниот филм “Интервју за Игор“ – (детето со црвена коса), кој е инспириран од неговиот живот и дело, а е направен во соработка со неговите колеги, пријатели и семејството.
 
„Игор живее“, често ќе напишеше Зоран за својот непребол и 17 години по неговото заминување.
zoran madzirovЗоран Маџиров на раштиманиот клавир на Игор„Мене ништо друго и не ми преостана туку да го барам Игор меѓу овие 88 дирки. Ова е неговиот раштиман клавир, а јас често си мислам дека меѓу овие 88 дирки некаде ќе си направиме муабет – јас и брат ми Игор Маџиров“, со овие зборови започнува документарниот филм „Интервју за Игор Маџиров“, објавен на 13-годишнината од смртта на актерот.
Фотографија од детството на Игор и Зоран сликани баба им и дедо им и неколкумина братучеди. Игор е покрај баба им, а Зоран е детето над неаФотографија од детството на Игор и Зоран сликани баба им и дедо им и тројца братучеди. Игор е покрај баба им, а Зоран е детето над неаДенес Актерот, во стилот на пинк Пантер, го пречекува Музичарот на небесната сцена. Да си посвират, да си позборуваат, заедно да го понесат аплаузот – за виртуозноста. Петар Пан, Могли или дедето со црвената коса, помладиот брат на Зоран, чичко ѝ на Нина, му ги отвора небесните порти на брата си – на небото да ја величаат уметноста, тој со играта, а Болтмен со музиката.
Игор Маџиров беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот”, како Петар Пан и Како Могли, но и по многу други улоги во Театарот за деца и младинци. Последната претстава во неговиот живот беше „Убавицата и Ѕверот” која ја одигра осум часа пред смртта.

Животот на Игор заврши во 2000 година. Според истрагата се самоубил скокајќи од балкон. Многумина, меѓу кои и неговото семејство, се сомневаат дека не се работи за самоубиство…
Зоран никогаш не ја надмина загубата, особено што како што ќе рече колегата и другар на Игор, Драган Довлев „по смртта на Игор се случиваа многу лоши работи, се пишуваа многу невистини, многу измислици“.
„За неговата прерана смрт, веројатно, сме сите ние околу негово голема доза виновни, а во уште поголема доза веројатно и тој самиот“, вели Зоран во „Интервјуто“.
Преземено: www.kurir.mkМузичарот кој по потекло е од Струмица, на почетокот на октомври минатата година беше тешко повреден во страотна сообраќајна незгода. Познатиот вир

Пронајдете не на следниве мрежи: