Во Тихиот океан геолозите го открија најголемиот вулкан на Земјата и еден од најголемите во целиот наш сончев систем. Вулканот наречен „Таму масиф“ е голем речиси колку Британскиот остров.Во Тихиот океан геолозите го открија најголемиот вулкан на Земјата и еден од најголемите во целиот наш сончев систем. Вулканот наречен „Таму масиф“ е голем речиси колку Британскиот остров.
„Таму масиф“ е за 25 отсто помал од гигантскиот вулкан „Олимписка гора“ на Марс, кој научниците го сметаат за најголем во Сончевиот систем. До сега најголемиот вулкан на Земјата беше „Мауна Лоа“, еден од петте вулкани на Хаваите.
Овој најголем вулкан се наоѓа на подрачје на огромна подводна рамнина, околу 1.600 км источно од Јапонија. Научниците наведуваат дека покрива површина од околу 310 илјади квадратни километри, а висок е околу 3.5 километри!
За разлика од „Олимписка гора“ кој се издигнува дури 20 км. во висина, но има „плиток корен“, геолозите се уверени дека подножјето на „Таму масиф“ влегува околу 30 км. во длабочината на Земјината кора.
Пред да го откријат „Таму масиф“, се сметаше дека тоа се група вулкани, какви што на земјата ги има десетици. Но, тимот предводен од Вилијам Сегер од Универзитетот „А&М“ во Тексас утврди дека сепак станува збор за само еден масивен вулкан.
Се верува дека овој вулкан е стар околу 145 милиони години и дека станал неактивен, неколку милиони години откако се формирал.Во Тихиот океан геолозите го открија најголемиот вулкан на Земјата и еден од најголемите во целиот наш сончев систем.