Фото+Видео: Си го пронашле синот бездомник, преку фотографија во весник

Николас Симонс, 20 годишник кој исчезнал во Њујорк, најден е во Вашингтон…Николас Симонс, 20 годишник кој исчезнал во Њујорк, најден е во Вашингтон и тоа откако родителите ја виделе неговата фотографија објавена во весникот „САД Денеска“ (USA Today). Симонс излегол од дома на 1 јануари годинава и не се вратил, а родителите Пол и Мишел почнале истрага на Фејсбук.
Сепак немало резултат, но на фотографијата во весникот виделе бездомник замотан во ќебе- и си го препознале синот. Преку локалната полиција реагирала полицијата во Вашингтон, го нашле момчето и го однеле во болница.

Фотографијата на Николас е само една од 126-те фотографии на Асошпиетед Прес со кои се илустрираат тектовите за студот во земјата.
Николас Симонс, 20 годишник кој исчезнал во Њујорк, најден е во Вашингтон и тоа откако родителите ја виделе неговата фотографија објавена во весник

Пронајдете не на следниве мрежи: