ФОТО+ВИДЕО: Силна експлозија во Анталија, голем број повредени

На паркингот на трговско-индустриската комора во турскиот град Анталија, денеска одекна силна експлозија, јави Си-Ен-Ен Турк. Според информациите на оваа телевизија во експлозијата има и повредени.Засега не е позната причината за експлозијата, во која се оштетени голем број возила и прозорци на околните згради.

Според градоначалникот на Анталија Мендерес Турел можно е експлозијата да била несреќа, но истрагата ќе ја утврди точната причина. Тој дополни дека има поголем број повредени лица, но никој не е во критична состојба.Засега не е позната причината за експлозијата, во која се оштетени голем број возила и прозорци на околните згради.

Пронајдете не на следниве мрежи: