Фото+Видео: Украински опозиционер -„Ме мачеа и ми забиваа шајки во рацете“

Димитриј Булатов активист на украинската опозиција, кој исчезна пред една недела, денес е пронајден. Тој изјави дека киднаперите го мачеле, му ги сечеле ушите и лицето и му забивале шајки во рацете.Димитриј Булатов, еден од активистите на протестите против претседателот на Украина Виктор Јануковиќ, кој исчезна пред една недела, пронајден е денес.
Полицијата не успеала да направи разговор со Булатов поради неговата тешка здравствена состојба.

Сепак, Булатов за петтиот канал на украинската телевизија рекол дека неговите киднапери го мачеле, му ги сечеле ушите и лицето и му забивале шајки во рацете „расцепувајќи го“.

Според зборовите на 35-годишниот активист, непознатите личности го одвеле, а потоа го оставиле во шума. Полицијата најави дека најискусните истражувачи и оперативци ќе утврдат што се случувало со Булатов.
Погледнете го видеото:

 
 Внимание: Некои содржини во видеото можат да бидат со вознемирувачка содржина!
Димитриј Булатов, еден од активистите на протестите против претседателот на Украина Виктор Јануковиќ, кој исчезна пред една недела, пронајден е ден

Пронајдете не на следниве мрежи: