Фото+Видео: Зошто ова е најбизарната двојка во светот?!

Оваа двојка стана главна тема на светските медиуми откако ја открија нивната животна приказна. 
Арин Ендруз и Кети Хил навидум се обични момче и девојче, но тие кријат нешто сосема неверојатно што ги прави најбизарната двојка во светот. 
Иако на прв поглед никогаш не би забележале, Арин е роден како девојка и се викал Емералд, а Кети е родена како момче и се викала Лук.
Но, Емералд и Лук го смениле полот со неверојатно комплицирана операција, па сега Емералд повеќе не постои, а на нејзино место е Арин. Иста е и приказната со Лук, кој сега се вика Кети.
Оваа двојка се запознала во група за поддршка на млади лица кои го имале истото искуство со менување на полот, а велат дека дури сега се чувствуваат целосно и можат да живеат нормален живот.
„Ги мразев своите женски атрибути. Неодамна ги отстранив градите и се чувствувам супер. Конечно можам да одам на базен со врсниците и да бидам само едно обично момче. Конечно сум во вистинското тело“, изјави Арин.
Тие целиот живот го поминале во осудување и малтретирање, постојано биле цел на потсмев, но оваа бизарна љубовна двојка вели дека најважна им е среќата, па не обрнуваат внимание на ваквите муабети.

Оваа двојка стана главна тема на светските медиуми откако ја открија нивната животна приказна. 

Пронајдете не на следниве мрежи: