Доколку не знаете како изгледа реакцијата на нападот на „Шарли Ебдо“ во Париз, на програмата на една од најголемите американски телевизиски станици можеше да се налета на навистина конторверзен пренос на настаните.„Мора да ги убиеме! Мора да ги УБИЕМЕ! Радикалните муслимани нас нѐ убиваат.
Ти си во опасност, јас сум во опасност, НИЕ СМЕ ВО ВОЈНА и ова нема да престане!
Војната почна по овонеделниот груб терористички напад во Франција. Се надевам дека секој го сфати тоа.
И постои само еден начин и средство со кое може да се запре оваа војна, а тоа се муслиманите.
Наша задача е да ги наоружаме муслиманите до заби и да им дадеме сѐ што им е потребно за да ги истребат тие исламски фанатици.
Тие нека ја завршат работата. Кога ќе го добијат тоа и кога ќе ја сработат работата, нашата задача ќе биде само да ја свртиме главата во друга насока.
Време е да го завршиме ова и да престанеме да праќаме американски долари во било која арапска земја која не ја поддржува оваа мисија.
Пакистан е на врвот на листата.
Треба да се присилат арапските нации да одлучат: ДАЛИ СЕ СО НАС, ИЛИ ПРОТИВ НАС!
И престанете со тие бесмислици околу нуклеарните преговори. Тие не функционираат на нашиот начин.
Со нив не може да се преговара, не може да се посредува, не може да се тргува, не може ниту да се биде разумен со тие луѓе.
Египетскиот претседател ал Сиси, кој е муслиман, успеа да се ослободи од овие фанатици иако во таа земја 85% од населението го сочинуваат муслимани.
Тој ги исфрли терористите на Хамас и го уништи муслиманското братство – мајката на сите терористички организации.
Иронично, само неколку дена пред нападите на „Шарли Ебдо“ во Париз, тој ист претседател ал Сиси, повика на религиозна револуција и на истребување на насилните џихадисти.
Тој се повика на Организацијата ИМАН и на религиозниот естаблишмент, кои би требало да водат војна против екстремистите и целиот свет го чека нивниот потег.“
Сопственикот на FOX NEWS е Руперт Мурдок, кој е член на Групата Билденберг и Комитетот 300
Руперт Мурдок (роден на 11 март 1931 година во Мелбурн), е медиумски магнат. Со изградбата на News Corp., тој создаде големо царство кое брои околу 800 компании во повеќе од 50 земји. News Corp. се занимава со производство на филмови за телевизиите и кината, управување со телевисики станици, издавање весници и илустрирање на магазини, книги итн. Стратегијата на Мурдок е насочена кон глобализација и покривање на сите пазари кои ветуваат профит.
Во 1952 година, Мурдок наследил 2 весници од татко му, а во 1958 година се вклучува со работа во телевизијата. Во текот на шеесеттите години, тој вложил во Велика Британија, Хонг Конг и Нов Зеланд. Во Велика Британија, Мурдок ги купува популарните таблоиди Sunday, The News of the World и The Sun.
Во раните седумдесетти, тој ги купува првите весници во САД. Набрзо добива американско државјанство и конечно се појавува на американскиот телевизиски пазар. Го купува телевизискиот синџир Metromedia и ја започнува изградбата на телецвизиската мрежа FOX.
Во 1990 година, тој ја основа STAR TV во Хонг Конг, која станува водечка сателитска ТВ станица со преку 50 канали и која допира до повеќе од 300 милиони гледачи ширум Азија. Во 2005 година, Мурдок го купува Intermix Media, во чија сопственост се наоѓа популарната социјална мрежа My Space.
Руперт Мурдок е член на Билденбергшката група, во која членуваат многу светски моќници кои главно се од Америка, Канада и западна Европа. Тука се среќаваат познати имиња како што се Дејвид Рокфелер, Хенри Кисинџер, Бил Клинтон, Гордон Браун, Ангела Меркел, Ален Гринспен, Бен Бернанки, Лери Самерс, Тим Гетнер, Лојд Бленкфајн, Георге Сорос, Доналд Рамсфилд, како и повеќе шефови на држави, влијателни сенатори, конгресмени и парламентарци, високи офицери на НАТО и Пентагон, членови на европски кралски семејства, избрани медиумски фигури итн…„Мора да ги убиеме! Мора да ги УБИЕМЕ! Радикалните муслимани нас нѐ убиваат.
Ти си во опасност, јас сум во опасност, НИЕ СМЕ ВО ВОЈНА