четврток, 12 ноември 2026
Најново

Франција планира да ги укине дизел и возилата на бензин до 2040 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Францускиот министер за животна средина Николас Хулот изјави во четвртокот дека им одредил цел на поизведувачите на возила во земјата да престанат да продаваат дизел и возила на бензин до 2040 година.На прес-конференцијата на која го објави петгодишниот план за поттикнување на користење чиста енергија и исполнување на обврските на земјата врз основа на Париската спогодба за климата, Хулот изјави дека француските произведувачи на автомобили имаат проекти, кои можат да го исполнат тоа ветување.
Неговите најави следеа еден ден откако шведскиот произведувач на автомобили „Волво“ стана првата голема автомобилска компанија, која вети дека ќе се откаже од возила, кои исклучиво користат мотор со внатрешно согорување.
Хулот исто така изјави дека Франција ќе престане да произведува енергија од термоелектрани, кои моментално сочинуваат пет отсто од вкупниот број електрани до 2022 година.
Министерството исто така сака да го намали уделот на нуклеарна енергија во вкупното производство на енергија на 50 отсто до 2022 година од сегашните 75 отсто.На прес-конференцијата на која го објави петгодишниот план за поттикнување на користење чиста енергија и исполнување на обврските на земјата врз ос

Поврзани вести