Францускиот институт во Скопје го најави гостувањето на истакнатиот филозоф Пјер Касу-Ногес

По повод манифестацијата „Ноќ на идеите“ и во рамките на циклусот на современа француска филозофија, Францускиот институт во Скопје го најави гостувањето на Пјер Касу-Ногес, истакнат филозоф, професор на Универзитетот Парзи 8 и автор на бројни дела.Манифестацијата „Ноќ на идеите“ за првпат се организира во Франција, на иницијатива на француското Министерство за надворешни работи, а во организација на Францускиот институт, којашто има за цел да ги промовира француските идеи и француската интелектуална мисла ширум светот.
Токму во овој контекст се сместуваат и двете средби со Пјер Касу-Ногес:
– филозофски кафе-клуб на тема „Науката и имагинарното преку новите технологии“, во вторник 26 јануари 2016 год, во 19:30 ч., во кафе-книжарницата „Магор“ (со консекутивен превод), и
– дијалог-средба со Пјер Касу-Ногес, насловена како „Имагинарното, разумот и логиката“, в среда, 27 јануари 2016 год, во 19:00 ч., , во ЕУ инфо центарот (со симултан превод).Манифестацијата „Ноќ на идеите“ за првпат се организира во Франција, на иницијатива на француското Министерство за надворешни работи, а

Пронајдете не на следниве мрежи: