Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести дека во четврток, 9 октомври 2014, во 19 часот, ќе се одржи кафе-дебата на тема укинување на смртната казна.10 октомври е Светски ден на укинување на смртната казна на целиот европски континент. Таа беше укината во речиси сите земји во Европа, освен во една. Македонија, исто така, ја укина смртната казна во 1991 година, придружувајќи му се, на овој начин, на европското движење. Сепак, меѓународната заедница е сè уште поделена по однос на оваа тема, а јавното мислење е во постојано преиспитување за можноста за незиното целосно укинување. Овие се прашањата кои ќе бидат дискутирани и на дебатата.
На дебатата учество ќе земе проф. д-р Гзиме Старова, професор на Правниот факултет во Скопје, член на Уставниот суд на Македонија, преведувач на делото „Аболиција“ од Робер Бадентер. Модератор ќе биде г-дин Себастијен Ботро Бонтер, правник и специјалист за човекови права и за меѓународно хуманитарно право. Ботро Бонтер ќе говори во свое лично име во рамките на оваа дебата.
Дебатата ќе биде водена на француски, македонски и на англиски јазик.10 октомври е Светски ден на укинување на смртната казна на целиот европски континент. Таа беше укината во речиси сите земји во Европа, освен во ед