Француските власти потврдија: Терористите држат едно лице во заложништво

Терористите држат едно лице како заложник, потврдија француските власти, по престрелката која се случи изутринава во Дамартан ен Гуел, пренесува МИА.Тешко вооружени полициски сили, поддржани со неколку хеликоптери се наоѓаат на самото место, држејќи ги под опсада грабнувачите кои се сокрија во една мала печатница, каде држат како заложеник едно лице.
Печатницата се наоѓа во индустриската зона на Дамартан ен Гуел и нема индивидулани куќи.  Дамартан ен Гуел е гратче која се наоѓа на 40-тина километри североисточно од Париз.
Светските медиуми пренесоа дека низ париз масовно се затвораат кафулињата, рестораните, но и сите видови објекти.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев потврди дека операцијата е во тек, но дека засега не е дадена наредба за напад.
Двајцата терористи кои го извршија нападот во Шарли Ебдо, беа формално идентификувани откако изутринава грабнале автомобил од марката Пежо 206. По што тие биле пресретнати од полициска или жандармериска контрола, при што имало престрелка и терорристите се сокриле во печатницата.
Првите информации дека има загинати и повредени беа демантирани од француските власти.Тешко вооружени полициски сили, поддржани со неколку хеликоптери се наоѓаат на самото место, држејќи ги под опсада грабнувачите кои се сокрија во е

Пронајдете не на следниве мрежи: