Фрчкоски водел сметка за секој кој влегува и излегува од ВМРО-ДПМНЕ

Откако весникот Дневник откри дека исчезнале документи од досието на ВМРО-ДПМНЕ познато под псевдонимот „Темел“, кое се наоѓало во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, почнаа да се откриваат и многу други работи кои се одвивале по наредбите на поранешниот министер за внатрешни работи од 90-тите години, Љубомир Фрчкоски. 
Весникот Дневник открива дека во 90-тите години ДБК водела сметка кој влегува и кој излегува од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каква коса имал, каков автомобил возел, со кој разговарал или се скарал во партијата, што настан или митинг ќе одржи, со кои медиуми соработувала партијата. 
Како што открива весникот ова се податоци што ги собирале оперативците на ДБК во текот на раните 90-ти години за тогашната најголема опозициска партија. Изговорот за ваквата ситуација бил дека таму се вршат активности за уривање на уставниот поредок и подготовка на тероризам иако партијата веќе била легално регистрирана во суд. 
За досието „Темел“ биле давани и доста наредби од Фрчкоски кој во тој период бил актуелен министер за внатрешни работи. Според решението од Комисијата за лустација, Фрчкоски давал наредби од политички мотиви. 
Досието за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ стана дел од архивата на Собранието во 2001 година, кога ВМРО-ДПМНЕ преку тогашниот пратеник Филип Петровски побара парламентот да расправа дали има кршење на човековите права и дали постои одговорност кај министрите за внатрешни работи од 1993 до 1997 година што ги дале наредбите за следење, снимање на телефонските разговори, како и фотографирање личности од тогашното раководство на партијата. Од Дневник тврдат дека ни  денес нема трага од документите во парламентот, а првиот човек Зоран Тодоровски им објаснил  дека не се предадени во Државниот архив. 
„Досието за ВМРО-ДПМНЕ го поднесов во парламентот во 2001 г. Беше разгледано од Комисијата и беа констатирани прекршувања на овластувањата на наредбодавците“, изјавил Тодоровски за Дневник.
Филип Петровски вели  дека е чудно е што досието го нема никаде, ниту во Државниот архив ниту во Собранието. 
„Јас ја чувам мојата копија. Среќа! Инаку, можеше засекогаш да биде скриена злоупотребата на првенците на СДСМ“, вели Петровски.
Дневник пишува дека се’ што може да се види во досието што го добиле од приватните архиви на Петровски е дека соработниците и службениците во ДБК испишувале страници и страници со информации кој влегол и кој излегол од регистрираното партиско седиште на тогашната најголема опозициска партија.
Така, еден од најголемите документи во досието „Темел“ е Извештајот од набљудување и документирање на ДБК од 19 октомври 1995 година, кој е составен од дури 13 страници. На тие страници всушност е запишувано само кој влегол и кој излегол во ВМРО-ДПМНЕ.
Непознатите луѓе се опишувани со кратки описи (пол, висина и боја на коса) додека, пак, дел од раководството е опишувано со оперативните имиња под кои ДБК им водела досие, а некои се пишувани со цело име и презиме. Во извештајот нема ниту еден збор дали лицата или возилата се на некој начин вклучени во подготовка на уривање на уставниот поредок или во организирање тероризам во земјата, што е наведено како законската основа во наредбите за следење на тогаш веќе законски регистрираната партија. Извештајот се однесува на една недела набљудување, односно првата информација е за 10 октомври 1995 г., рано наутро во 7.20, а последната е за 18 октомври 1995 година до 21.40 часот.
 
„10.10.1995 г. – Постепено на работа во 7.20. Во 10 часот пред ’Темел‘ со возило дојдоа две машки лица и откако го паркираа, влегоа внатре. Во 10.30 часот пред ’Темел‘ дојде една ТВ-екипа составена од три машки лица и влезе внатре. По кратко задржување од 2-3 минути излегоа и си заминаа. Во 10.35 часот со возило дојдоа возачот, ’Книга-1‘ и ’Лејди‘, и влегоа во ’Темел‘ …11.10.1995 г. – … во времето од 13.05 до 13.15 часот во ’Темел‘ влегоа повеќе (5-6) телевизиски екипи и неколку фоторепортери (меѓу нив беа забележани ТВ-екипи на телевизија А1, Сител, КРТ и МРТВ). Во 13.20 часот во ’Темел‘ влезе и Борис Стојменов. Во 13.30 часот ’Кенгур‘, заедно со едно машко и едно женско лице, дојде во просториите со возило и откако го паркира, влезе внатре. Потоа ’Кенгур‘ и женското лице се појавија на терасата и го поставија новото знаме на Р. Македонија (возилото го возеше машкото лице)….12.10.1995 г. – … во 16.35 часот ’Швркнат’ излезе од ’Темел‘ и замина, а во 16.40 часот си замина и ’Паун’“…13.10.1995 г. – … забелешка: во времето од 14 до 18.10 часот во просториите на ’Темел‘ влегуваа повеќе машки и женски лица на возраст од 18 до 25 години, а потоа излегуваа и си заминуваа…“, пишува во Извештајот од 19 октомври 1995 година.
Како линија на работа, т.е. основа за следење и оперативна обработка во досието на „Темел“ често се наведува „тероризам во земјата“. Таква е и наредбата, односно предлогот за примена на тајно следење – набљудување во земјата на еден функционер на ВМРО-ДПМНЕ што го добил псевдонимот „Паун“, тврди Дневник. Образложението што го дал инспекторот е дека за лицето „во последно време се добиваат сознанија за интензивирана активност насочена кон рушење на, со Уставот утврдени, демократски институции во земјата, зачестени контакти со негови истомисленици од повеќе градови во Републикава“. Во извештаите на ДБК, кои се однесуваат токму на „Паун“, исто како и во извештаите за седиштето, е наведувано кога влегол или излегол од партиското седиште и со кои лица се сретнувал, со тоа што лицата се опишувани само со пол, а не кои се и дали имаат некаква врска со тероризам.
„04.10.1995 г. – … Во 15.25 часот ’Паун’ излезе од просториите на ’Темел’ и на паркинг-плацот остана околу 10 минути, набљудувајќи ја околината. Потоа на ’Паун’ му се придружи едно женско лице, кое излезе од просториите на ’Темел’, се качија во колата и се упатија кон населбата Јане Сандански, возејќи претпазливо, а потоа отидоа во с. Лисиче…“, пишува во Извештајот на ДБК од 12 октомври 1995 година. 
 
Сомневање дека, сепак, се работи за следење по линија на политички противници даваат и самите извештаи од соработниците на тајните служби, чија задача била токму оперативна обработка на самото седиште на партијата, кои биле пишувани рачно. Често во тие извештаи на местото „предмет“ стои „набљудување на просториите на партијата ВМРО-ДПМНЕ“, за потоа раководителот да ги прецрта зборовите „партијата ВМРО-ДПМНЕ“ и да напише „Темел“. 
 
Покрај „Темел“ кој е псевдоним користен за досието на ВМРО-ДПМНЕ, постоеле и неколку други псевдоними за други личности како: „Лејди„ за Доста Димовска, „Швркнат“ за Александар Диневски, „Кенгур“ за Иван Соколов. Откако весникот Дневник откри дека

Пронајдете не на следниве мрежи: