Фрлени 185 тони сол на градските улици и булевари

Фрлени 185 тони сол на градските улици и  булевари Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.
Екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот д

Пронајдете не на следниве мрежи: