Турците се разочарани од однесувањето на Холанѓанецот, сметаат дека купува време чекајќи понуда од Англија.
Изгледа дека во Истанбул веќе се губи трпението.
„Можеби и не сака да дојде кај нас. Не оди вака, чекаме веќе десетина денови. Само бараме да се одлучи, сака или не сака, за да имаме време да се свртиме кон други играчи“ изјави директорот на Галатасарај.
Снајдер размислува, се претпоставува дека има најава да доаѓаат понуди од неименувани англиски клубови.
„Ни се повторува приказната со Кака, веќе немаме време“ велат од Фенербахче.
Снајдер денес не тренираше со екипата, што само ја зголеми димензијата на приказната околу неговото заминување односно дека е во завршни преговори со Галатасарај.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Турците се разочарани од однесувањето на Холанѓанецот, сметаат дека купува време чекајќи понуда од Англија.