Гардел: Вие можеби сте принцеза на Шведска, но вечерва јас сум кралица

Шведската принцеза Викторија се појави на гала вечерта за хомосексуалци во Стокхолм, за да му ја врачи наградата за Хомосексуалец на годината на Јонас Гардел, шведски комедијант.

Геј гала вечерта се одржува еднаш годишно во Стокхолм, спонзоризана од магазинот QX, што го издаба ЛГБТ заедницата за Шведска и Скандинавија.
 
На гала вечерта, принцезата Викторија беше поздравена со едноминутен аплауз кога се качи на сцената нешто пред полноќ
 
Таа се појави за да му ја врачи наградата за Хомосексуалец на годината (Årets homo) на комаедијантот и автор Јонас Гардел.
 
„Ќе си ги сопреме созлите еден на друг со отворени срца. Наградата оди во рацете на авторот, драматург и инспирацијата – Јонас Гардел”, пореча Викторија.
 
Комедијантот ја прими наградата, но не без да потсети кој е ѕвезда на вечерта.
 
„Викторија, вие можеби сте принцеза, но вечерва – јас сум кралица”, рече Гардел.
 
Тој беше исто среќен како и на публикацијата на неговиот бестселер „Никогаш не бриши солзи без ракавици”, хроника за епидемијата на СИДА во Шведска во 1980-тите.
 
Новелата од неодамна е екранизирана во триделен ТВ серијал, а и двете, и книгата и серијалот, на гала вечерта беа наградени.
 
Симон Ј. Бергер, еден од главните актери на серијата, ја прими наградата за Најдобар ТВ актер, а Адам Полсон и Адам Лундгрин, од истата серија, освоија награда за најдобра ТВ двојка.
 
Кафулето Bee Bar е прогласено за најдобро место каде се собираат хомосексуалци, а песната „Еуфорија” на Лорин, која победи на Евровизија, прогласена е за Песна на годината.
 
Шоуто ќе го пренесува TV4 во сабота вечер.
 
Макфакс
Шведската принцеза Викторија се појави на гала вечерта за хомосексуалци во Стокхолм, за да му ја врачи наградата за Хомосексуалец на го

Пронајдете не на следниве мрежи: