Гавазова се исповеда: Призна која е нејзината најголема слабост!

Фолкерката Сузана Гавазова, која веќе е во петтиот месец од бременоста, во моментов престојува во Шведска, каде што заедно со идниот сопруг Јасмин се подготвува за новата животна улога.„Се уште не го знаеме полот на детето. Тука во Шведска со закон се забранети таквите иформации, така што тешко дека ќе го дознаеме тоа. Добро се чувствувам и сум среќна овде кај Јасмин. Многу ми е убаво“, откри фолкерката.
Мачнините и тегобите кои ги имаше на почетокот на бременоста, вели, веќе се минато, па така сега Сузе секој слободен момент го користи за прошетка и физичка активност.

„Имам убава бременост. Активна сум и немам проблем со движењето. Јадам многу овошје и зеленчук, а во последно време слабост ми се чоколадите и киселите краставички“, вели Гавазова.
Фолкерката планира да се породи во Шведска, а датумот за породување е некаде кон средината на март.
Таа и нејзиниот свршеник, Босанецот Јасмин, по само 30 дена врска се свршија, а свадбената прослава која сите ја очекуваат со нетрпение е закажана за крајот на годинава.
Извор. Вечер„Се уште не го знаеме полот на детето. Тука во Шведска со закон се забранети таквите иформации, така што тешко дека ќе го дознаеме тоа. Добро

Пронајдете не на следниве мрежи: