Општина Гази Баба и Универзитетот „Гоце Делчев“ ја интензивираат својата соработка, за што денеска во Ректоратот на УГД ректорот, проф. д-р Блажо Боев, и градоначалникот Тони Трајковски, потпишаа Меморандум за соработка.Соработката беше на високо ниво и досега, со оглед на тоа што кампусот на УГД во Скопје е на територијата на општина Гази Баба, но сега Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со општината ќе работат на изработка на Стратегијата за туризам.
Градоначалникот Трајковски упати благодарност за потпишаниот Меморандум за соработка:
– Дел од факултетите на УГД се лоцирани во Кампусот, кој е на територијата на нашата општина, тоа ни беше почетниот мотив, а верувам дека во иднина заеднички ќе реализираме голем дел проекти кои ќе им бидат од интерес на жителите на општина Гази Баба и на студентите и професорите од УГД. Една од активностите што ги договорив е поддршка од Универзитетот во изработката на Студијата и стратегијата на општина Гази Баба за развојот на туризмот, Верувам дека како општина имаме потенцијал да го промовираме нашиот туристички потенцијал. Во иднина ќе реализираме и други проекти во делот на иновациите, можноста за поддршка на бизнисите, така што во иднина очекувам општина Гази Баба заедно со УГД да реализираат голем број проекти – изјави градоначалникот, Тони Трајковски.Соработката беше на високо ниво и досега, со оглед на тоа што кампусот на УГД во Скопје е на територијата на општина Гази Баба, но сега Факултетот