Специјалното јавно обвинителство го истражува и случајот Космос, а од општина Гази Баба со целосна транспарентност им стојат на располагање.Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, беше гостин во ТВ Нова каде говореше за овој случај.
-Во наша полза е целокупната документација која ја имаме да ја доставиме затоа што документацијата и од општината и од изведувачот која беше доставувана е во наша полза, аргументите се потврдени и од негова страна. Јас можам само да дадам забелешка дека на почетокот навистина истражителите кои беа испратени беа некоректни кон вработените од општината затоа што се случуваше на телефон да се јавуваат и после работно време, во доцните часови, на инспекторката да и дадат задолжение да се врати на работа. Затоа ќе упатам апел дека општина Гази Баба целокупниот материјал што е потребен ќе го достави, но треба да има разбирање од СЈО затоа што од секој документ кој ќе го дадеме треба да имаме соодветна копија кај нас. Тоа е законска обврска за овој и за сите останати предмети. Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со соработката, упатувам апел само да има мало трпение затоа што материјата е обемна, рече градоначалникот.
Тој ги демантираше информациите кои излегоа во медиуми блиски до СДСМ дека градежната дозвола е одземена и дека Цановски не може да гради.
-Тоа е невистина. Градежната дозвола односно одобрението за градба е во функција, тој може да продолжи да си гради, не е направена никаква пренамена на земјиштето, заклучи тој.
Градоначалникот вели дека во овој случај воопшто не е замешана политиката и изрази жалење што Фијат Цановски бара аргументи во политиката.
-Аргументите се во документацијата, во она што беше констатирано на лице место и во она што цело време како документација беше доставувано од самиот инвеститор до општина Гази Баба. Од документите кои ги имавме добиено од самиот инвеститор, ние констатиравме дека и самиот инвеститор знаел дека објектот го гради спротивно на одобрението за градба. Тоа впрочем се докажува и во сите оние постапки од негова страна. Тоа се докажува и од елаборатот кој го изготви токму инвеститорот, затоа што во самата постапка на одредување на отстапувањата беа изработени 4 елаборати. Два од нив беа од фирма ангажирана од општина Гази Баба, еден беше од Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво и еден елаборат од страна на инвеститорот. Затоа велам дека инвеститорот со самиот елаборат кој го достави и самиот ангажираше фирма која ги мереше потврди дека објектот се гради спротивно на одобрението за градба, рече Трајковски.
Во гостувањето на ТВ Нова, тој со аргументи ги демантира невистините кои се шират за овој случај.
-Во однос на сите невистини кои беа ширени дека објектот бил со мало отстапување во однос на габаритот на објектот, во суштина од тоа отстапување кое беше од 1,43 метри се сакаше да се одбегне едно ниво на паркирање под земја. Тоа може да се констатира и со сите оние анализи ние што ги направивме дека и самиот инвеститор пред да ја започне градбата и во текот на самата градба, секаде каде даваше интервју за медиумите и на официјалните страни за продажба на становите, секаде објавуваше дека гради објект со два ката подземен паркинг и катна гаража во близина. За објектот Космос не беа одобрени два ката, беа одобрени три ката под земја и немаше одобрено катна гаража. Затоа верувам дека и самиот знаел и свесно го прекршил законот, вели градоначалникот.Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, беше гостин во ТВ Нова каде говореше за овој случај.
-Во наша полза е целокупната до