Две поранешни католички минахињи го прославија стапувањето во брак со церемонија што се одржа во градот на северозападот на Италија. Откако сфатиле дека нивната љубов е вистинска, тие решиле да се заколнат на вечна љубов.Градоначалникот на градчето Пинероло, Лука Салваи, изјави дека церемонијата требала да се одржи во четвртокот, но поместена е еден ден порано заради заштита на приватноста на овој пар. Одлуката е донесена затоа што медиумите биле премногу заинтересирани за оваа венчавка.
Весникот Ла Стампа го опишува парот како поранешни монахињи, кои се запознале во манастир. Се работи за латиноамериканката Изабел, и италијанката Федерика.
Бог сака луѓето да бидат среќни и отворено да ја покажуваат својата љубов, изјави Изабел.
Сакаме нашата црква да ги прифати сите луѓе кои меѓусебно се сакаат, додава Федерика.
Ла Стампа објави дека Франко Барберо, свештеник кој е расчинет во 2003 година заради поддршката кон геј браковите, ќе им го даде својот благослов на неофицијалната церемонија. Тој направи слична работа и со уште 19 други парови.
Италија ги легализираше истополовите бракови на почетокот на оваа година, по дебатата која се водеше со години. Оваа католичка нација е последна во Западна Европа која ги прифати овие правила.Градоначалникот на градчето Пинероло, Лука Салваи, изјави дека церемонијата требала да се одржи во четвртокот, но поместена е еден ден порано зарад



