Поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба на Бугарија Кирчо Киров, за софиската телевизија НОВА ТВ изјави дека спречиле сериозна закана по животот на еден македонски политичар.Тој на прашање од новинарот одби да коментира натаму и да каже конкретно за кој политичар станува збор и за каква закана.Киров ова го изјави во јавноста, по признанието дека во времето на поранешниот премиер Сергеј Станишев се случил скандал со 1,5 милиони лева кои биле за ослободување на киднапирана бугарска државјанка во Сомалија.
Операцијата за ослободување и била доверена на француската служба, но Бугарија морала да плати одредена сума за трошоците за спроведување. Киров рече дека тоа се криело, зашто би излегло на виделина дека се плаќа на терористи, а со тоа ќе зачестеле киндапирањата. Но според него, поголем скандал било тоа што Бугарија долго време не им плаќала на Французите, и тоа негативно се одразило врз нејзиниот авторитет. Трошоците ги платиле премиерот Бојко Борисов и ГЕРБ.Тој појасни и дека посочениот Ахмед Доган не бил никогаш потенцијална опасност за премиерот Бојко Борисов. Според него, тоа било произволна инфорамација, а не и сигурно сознание дека се подготвува атентат врз Борисов.
Тој на прашање од новинарот одби да коментира натаму и да каже конкретно за кој политичар станува збор и за каква зака
Пронајдете не на следниве мрежи: