Генералот Данфорд нов командант на НАТО силите во Авганистан

Генералот Џозеф Данфорд во неделата е иемнуван за нов командант на Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) во Авганистан, објави AFP.Генералот на морнаричката пешадија Џозеф Данфорд ја презеде функцијата командант на војските на НАТО од генералот Џон Ален, кој ќе ги предводи обединетите воени сили на НАТО во Европа. Данфорд претходно командуваше со војските во Ирак во 2003 година.Свечената церемонија се одржа во Кабул во базата на силите на НАТО. Како што пишуваат американските медиуми, Данфорд ќе го надгледува текот на повлекувањето од Авганистан на повеќе од 60 илјади американски војници.Пред да замине од функцијата, генералот Ален во интервју за BBC изјави дека коалицијата е „на патот кон победата“.Повлекување на странските сили од Авганистан траба да заврши до крајот на 2014 година. Во моментов, во земјата е стациониран мултинационален контингент на анти-терористичката коалиција, која е предводена од претставници на командата на американските оружени сили, како и контингент на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ) во чии рамки учествуваат и македонски војници, под команда на НАТО.Според плановите, до крајот на 2014 година, одговорноста за безбедноста во Авганистан ќе биде целосно предадена на авганистанските безбедносни сили а припадниците на НАТО ќе бидат вклучени само во мисии за обука и асистенција, без учество во борбени операции.
МакфаксГенералот Џозеф Данфорд во неделата е иемнуван за нов командант на Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) во Авганистан, објави AFP.

Пронајдете не на следниве мрежи: