Генетски модифицирана бактерија може да го спречи зголемувањето на тежината?

Тим од научници од универзитетот Вандербилт дојдоа до револуционерно откритие. Тие со генетска модификација на бактерија која живее во нашиот стомак создале бактерија која спречува да се дебелееме.Научниците на чело со Шон Дејвис, направиле генетска модификација на ешерихија коли, и потоа истата ја ставиле во водата за пиење на неколку глувци.
Глувците кои пиеле вода со модифицирана бактерија побрзо се заситувале и поминувале подолг период за храна, и покажале одлични резултати на маркерите за дијабетес, за разлика од другите глувци кои пиеле вода без бактерија или со немодифицирана бактерија.

 
Стомачната празнина на човекот е дом на преку 100 трилиони бактерии, кои доаѓаат од преку 40 различни видови. Овие бактерии, познати како пробиотици, ни помагаат при дигестијата и не штитат од болести, па така, на експериментот со ешерихија коли не се гледа како на опасна работа, но сепак, мора да се помине низ многу клинички тестови пред истата да се примени кај луѓето.
ГМ ешерихија коли е отпорна на антибиотици, и за сега не покажува знаци дека е штетна по здравјето. Сепак, научниците мораат да бараат алтернативи за да можат да бидат сигурни дека нема да им штети на луѓето.
Дебелината и прекумерната тежина се клинички проблем на речиси 3 милиони луѓе годишно. Преку 347 милиони луѓе во светот патат од дијабетес тип 2, и 80% од нив имаат прекумерна тежина. Дебелината е 7-ма по ред причина за смртност кај луѓето.Научниците на чело со Шон Дејвис, направиле генетска модификација на ешерихија коли, и потоа истата ја ставиле во водата за пиење на неколку глувци

Пронајдете не на следниве мрежи: