Традиционално по 17 пат, во третата седмица од февруари ќе се одржи доделувањето на „Златна Бубамара“ на која организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето – да користат голема „автоцензура“ и на настанот да дојдат без своите „автомобили”.
Билетите ќе се продаваат од 12-ти јануари преку МкТикетс.Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата поранешна и сегашна земја, „Златна бубамара на популарноста“ го најавува 17-то издание со еколошки монетарен слоган „Од пари се живее – не од воздух!“
„Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое хумано опшество, и додека го чекаме тој убав ден, бараме да ќутите, слушате радио и дишете по дома”, велат од популарното скопско Радио БубаМара.
„Златна Бубамара секогаш во свој препознатлив стил ја прераскажува изминатата година, ја дијагностицира и лекува нашата реалност и општествена стварност. Во изминатите години создававме тематски различни идеолошки бубамари: затворска, транзициска, европејска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка. За оваа година нашата програма повторно ќе биде вкусно природно овошје создадено од овоштарникот на нашите најпопуларни личности и уметници кои создаваат богатство на нашата душа” вели Ранко Петровиќ – автор и режисер на „Златна Бубамара. “
Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата поранешна и сегашна земја, „Златна бубамара на популарноста“ го најавува 17-то из