Срѓан Станковиќ, победник на „Сложувалка“, експерт за банкарство, член на Менса со коефициент на интелигенција 156, работи на пазар и продава риба.
Тој има 35 години, потекнува од Србија, а популарен станал по победата на српскиот квиз „Сложувалка“.
Тој студирал во Белград, дипломирал банкарско осигурување. Покрај овие податоци не би не зачудило да е вработен во некоја компанија или пак банка. Но, тој работи на зелен пазар каде продава риба.
Срѓан не само што е најобразован помеѓу пазарџиите, туку е и со највисок коефициент на интелигенција.
Тој и покрај сите квалитети што ги поседува, се уште не може да најде работа која одговара со неговото образование.
„Постојано се пријавував на многу конкурси, но без успех“- вели тој.
Исто така ова не единствен случај во Србија. Сличен пример исто така има на квизот „Сложувалка“ за геодетски инженер кој исто така работи на пазар.
Но, ова не пракса само во Србија. Веруваме дека и во Македонија постојат барем неколку слични случаи како што е случајот на Срѓан.
Срѓан Станковиќ, победник на „Сложувалка“, експерт за банкарство, член на Менса со коефициент на интелиген