Неговото име е сместено веднаш до Ајнштајн, Максвел, Фарадеј, Лајбниц, Ом, Ампер и сите други легендарни личности од науката. Но, дали тој заслужува да биде таму, или можеби заслужува да биде на самиот врв од листата?Беше 10 јули 1856 година, кога тој за прв пат ја виде светлината на денот во Смиљан. Во текот на неговото живеење тој има патентирано над 300 пронајдоци.
Обично, Тесла е наведен како пронаоѓач и електромашински инженер кој студирал на Универзитетот во Грац и се откажал од студиите. Навистина е интересно дека личноста која е одговорна за основата на нашата модерна наука, дури и не ги завршила студиите.
За што точно е одговорен тој? Да почнеме со наизменичната струја, бежичната комуникација и преносот на струја. Потоа одиме на индукциски мотор, ротирачко магнетно поле, уреди за далечинско управување и проектот кој не успеал да го заврши – Х-зраци. Сé уште се сомневате дека тој е гениј?
Неговите мисли и идеи направија другите научници од неговата ера да го опишуваат како „луд научник“. Но сепак, луѓето сметале дека е правилно да ја именуваат на единицата за мерење на магнетното поле по него. Американците му понудиле да се пресели во САД и да продолжи со својата работа таму. Имало луѓе кои го финансирале со многу капитал, така што тој секогаш бил во можност да ги заврши своите експерименти и да ги презентира своите пронајдоци. Дури 300 од нив. Дали заслужувал да го викаат „луд научник“ после ова?
Но, денес ќе ви претставиме откритија, експерименти и забелешки кои беа скриени од јавноста и беа спроведени само во владини и воени проекти, чии резултати можат да го загрозат целиот свет! Еве кои се тие:
Резонантна фреквенција на Земјата
Потврдено е дека сите тела имаат резонантна фреквенција.
Која е оваа фреквенција?
Ова е фреквенцијата со која одредено тело осцилира со поголема амплитуда. Тоа е фреквенцијата која може да доведе до негово уништување. Тесла изјави дека Земјата има таква фреквенција околу 1900 година.
Со што ќе резултат таквата фреквенција Земјата?
Ќе се случи истото што му се случи на Такома Нероу мостот во 1940 година, кога осцилацијата беше толку голема што мостот целосно пропадна.
Како може да се употреби таа фреквенција?
Според некои научници, може да се примени за намерно создавање на земјотреси преку магнетна индукција во магма комората.
Вештачки молњи
Уште во 1899 година, Тесла произведе вештачка молња во Колорадо Спрингс, со сила од милиони волти и должина од 41 метар. Громот од ослободената енергија се слушнал на 24 километри оддалеченост и жителите на Крипл Крик, Колорадо забележале искри помеѓу нивните нозе и земјата, па дури и од чешмите кога ги допреле.
Дали ова ви звучи како електрично оружје? Дали може да има едно или повеќе вакви оружја кои се скриени некаде?
Бежична електрична енергија
За време на неговиот престој во Колорадо Спрингс, Тесла експериментирал и со атмосферската електрична енергија. Тој доби средства од Џ. Пиерпонт Морган за изградба на Варденклуф кулата, со цел за постигнување на бежична комуникација. Во 1903 година, во писмата до неговиот спонзор тој рекол дека кулата ќе биде оспособена да пренесува бежични пораки, но ќе може да врши и пренос на бежична електрична енергија. Експериментот никогаш не бил завршен, бидејќи Морган го прекинал финансирањето.
Кога беше потврдена ваквата можност? Со создавањето на мобилните телефони во 1947 година. Тие беа прогласени како опасни за луѓето, поради огромните електромагнетни полиња кои се формираат како резултат од напонот кој потребен за таквиот вид пренос. Но, сепак, идејата е валидна и тој доби патент за тоа.
Динамичка гравитациона теорија
Во 1931 година, Тесла тврдеше дека развил теорија со која ќе стави крај на Ајнштајновата теорија за релативност. Тој никогаш не успеа да ја докаже оваа теорија во пракса, бидејќи почина. Се верува дека овие забелешки биле конфискувани од страна на ФБИ во 1943 година.
Нејасни и непроверени научни тврдења ја спомнуваат примената на оваа теорија при изградбата на Космосферата (руска оперативна верзија за одбранбен систем), кој вклучува машини кои би требало да се во состојба да летаат и да се движат со помош на искористување на Земјината гравитациска сила без погонски мотори. Оваа програма останува добро чувана тајна.
Енергетски оружја со насочување
По проучувањето на Ван де Граф генераторот, Тесла постави теорија за оружје која ја нарекува „телесила“. Современите медиуми ова оружје го нарекуваат „смртоносен зрак“. Според мислењето на Тесла, тоа би требало да претставува оружје што содржи сноп од честички кое е способно за пукање во цели на земјата и во воздухот, праќајќи насочени снопови на енергија кои би можеле да урнат 10.000 авиони на растојание од преку 320 километри.
Во 1937 година, Тесла тврдеше всушност изградил и тестирал таков вид оружје. Имено, во 1958 година „Американската агенција за напредни истражувања“ работеше на создавањето на такво оружје. Подоцна се тврдеше дека иако е можно создавањето на таквиот вид на оружје, тоа не може да биде изградено, бидејќи напојувањето за истото е далеку поголемо од способностите за производство на електрична енергија. Тоа беше во 1958 година. Дали е сигурно дека тоа не е можно сега? Речиси еден век по Тесла, кој рекол дека го има создадено?Беше 10 јули 1856 година, кога тој за прв пат ја виде светлината на денот во Смиљан. Во текот на неговото живеење



