Цената на барел нафта се стабилизираше во средата на меѓународните берзи со оглед дека најновите преговорите на западните сили и Иран не донесоа решение за спорот околу иранската нуклеарна програма.На лондонската берза цената на барел сирова нафта порасна за 30 центи, на 113,01 долари, а претходниот ден се спушти на само 112,41 долари, што е најниско ниво од 24 јануари. И на американската берза цената на нафтата денеска беше поголема за 24 центи, достигнувајќи 92,87 долари за барел.Цената на нафтата се спушти вчера на најниско ниво во последниот месец, откако нерешениот исход од италијанските избори одново ја поттикна загриженоста на инвеститорите за стабилност на економијата на еврозоната.Вчерашниот настап на челникот на американската централна банка Бен Бернанке во конгресот и неговата одбрана на програмата за купување на обврзници, за која се смета дека го поттикнува економското закрепнување а со тоа и побарувачката за нафта, ги поттикна американските берзи, но сепак инвеститорите на нафтените берзи се внимателни поради пат-позицијата во Италија.Нафтените берзи денеска се завртеа кон говорот на Бернанке, а дополнителна поддршка добија и од заклучените разговори на Иран и западните сили.„Можно е цените на нафтата денеска да пораснаа и поради тоа што преговорите со Иран околу нуклеарната програма не донесоа решение. Геополитичката напнатост поради Иран лесно би можела да се распламне и да го зголеми ризикот кој веќе е пресметан во цената на нафтата“, вели Хари Чилингуриан од PNP Paribas.
МакфаксЦената на барел нафта се стабилизираше во средата на меѓународните берзи со оглед дека најновите преговорите на западн