Герила акции низ Скопје како одговор на вработувањето на Зекири во СДСМ

Вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ е повод за герила акции низ Скопје. Особено зачудени и изреволтирани се членовите на опозициската партија кои плаќаат членарина, а сега нивните пари легнуваат на сметката на поранешниот новинар чии ставови се во најмала рака скандалозни.Револтот кој се јави кај социјалдемократите кога Зекири доби функција од Зоран Заев, дополнително се зголеми по информациите дека освен функција, тој добива и висока плата. Граѓаните јасно го искажауваат својот став по ова прашање и деновиве со герила акции испратија пораки:
 

СДСМ два дена бега од одговори
Официјално од 09.09.2016 година, Зекири е вработен како советник во СДСМ. Но, на Бихаќка владее молк за овие информации.
Курир веднаш по објавувањето на информацијата дека Зекири освен што добил партиска функција и за 24 часа се трансформираше од “независен новинар” во член на Централниот одбор на СДСМ, добил и вработување во партијата со плата од 500 евра, се обиде истата да ја провери и да добие став од партијата, но повратен одговор немало.
СДСМ два дена  молчи на прашањата и не открива кое од партиските тела и во која процедура ја донело одлуката за вработување на Мухамед Зекири? СДСМ два дена молчи дали воопшто има некој друг член на ЦО кој зема плата од СДСМ или Зекири е единствениот?
За Зекири плата, долгогодишни функционери во СДСМ се невработени
За јавноста останува енигма какви совети му дава Мухамед Зекири на Зоран Заев за 500 евра месечно и партиска фунција.  Додека луѓе како Јани Макрадули, долгогодишен потпретседател и пратеник на СДСМ, сега се без никаков ангажман и без вработување во партијата, Зекири со сигурност станува еден од главните адути на СДСМ на овие избори и човекот од доверба на Зоран Заев.
 
Се борат за слобода на медиуми давајќи функции на новинари
Медиумите веќе пишуваа дека токму Зекири бил последниот предлог за 5-ти член на ад хок телото за медиуми, кој го дал лидерот на СДСМ Зоран Заев. Откако не бил усвоен, Заев одлучил овој новинар да биде награден со позиција во партијата.
Да се наградат новинарите кои претходно биле прогласувани за незавсини, не е новост за СДСМ. Уште во 2002 партијата ги вработи во државна служба сите новинари кои беа блиски до тогашното раководство. На изборите во 2011-та година СДСМ на пратеничките листи стави уште двајца „независни “ новинари од тогашната А1 телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска. На предлог на Заев, уредник на информативната програма на МРТ е Санта Аргирова која работеше во Телма и Алфа, а почна да работи и во кабинетот на Илинка Митрева.
 
Поранешната новинарка на А1 телевизија, Катерина Цаневска, за својата работа во корист на СДСМ беше наградена со работно место кај единствениот градоначалник на опозицијата во скопските општини. „Независните“ новинари Роберт Поповски и Весна Трпчевска Ковачевска си добија работни функции во СДСМ веднаш штом Заев дојде на лидерското столче во партијата. Нивниот пример го следеше и Богданка Кузевска која од 24 Вести се пресели на Бихаќка.
Јавноста нема да го заборави и најголемиот скандал кога веднаш по доаѓањето на власт, СДСМ сите партиски послушници во медиумите, во 2002 година ги награди со вработување во државните институции.
Токму поради ова, во јавноста нема дилеми дека СДСМ не го интересира независно новинарство, туку купени и контролирани медиуми кои ќе пишуваат само тоа што им се диктира од Бихаќка. Тоа според познавачите е причината зошто Заев инсистираше на воведување на цензорско тело и строги санкции и затворање медиуми за искажан сопствен став и мислење.Револтот кој се јави кај социјалдемократите кога Зекири доби функција од Зоран Заев, дополнително се зголеми по информациите дека освен функција, т

Пронајдете не на следниве мрежи: