Во јули 1943 година, почна најголемата тенковска битка во историјата на човештвото – Битката кај Курск. Постои една страна од тој настан која долго е чувана во тајност, посебно од страна на руските разузнавачки служби.Битката кај Курск била водена во Втората светска војна помеѓу советските и германските сили, во летото 1943 година. Тоа беше една од најзначајните тенковски битки во историјата на војувањето и една од поважните победи на сојузниците во 1943 година. Најжестоките борби биле водени околу селото Прохоровка.
Намерата на германските копнени сили, Вермахт, било разбивањето на средишниот дел на источниот фронт, а потоа од југ да ја зафатат Москва и да ѝ нанесат одлучувачки удар на Црвената армија. Германската офанзива започнала на 5. јули, со тајниот назив Цитадела.
Во битката, од германската страна биле ангажирани 50 дивизии (од кои 34 пешадиски, 14 оклопни и 2 моторизирани) – со вкупна јачина од околу 900.000 војници, 2.700 тенкови и самодвижечки и јуришни топови, 10.000 артилериски и минофрлачки цевки, со поддршка од околу 2.000 авиони. Додека пак, од советската страна биле ангажирани 12 армии (од кои 2 биле оклопни).
Советите имале бројчана предност во луѓе и наоружување – 20.000 топови и минофрлачи, 920 ракетни фрлачи (каќуши), 3.600 тенкови, со поддршка од 2.400 авиони.
И покрај огромните губитоци, руските сили извеле успешен противнапад и до 23. август, Германците биле поразени. Од стројот им биле исфрлени до 500.000 војници. Од нив загинале 60.000 и околу 150.000 биле ранети. Подоцна, за време на советската против-офанзива, тој број се зголемил на преку пола милион мртви, ранети и заробени.
Со победата на Црвената армија во оваа битка, иницијативата на Источниот фронт преминала на советската страна. Од тогаш, па сѐ до крајот на војната, германските единици се наоѓале во постојана дефанзива.
Ова е официјалната верзија на случувањата. Меѓутоа, во најважните моменти од битката, се случило нешто што ги запрепастило многубројните сведоци кои подоцна биле испитувани од страна на руските разузнавачки служби. Нивните приказни се поклопувале до најситниот детаљ.
Била средина на август 1943 година. Еден од сведоците, командирот на водот на Црвената армија, полковникот Генадиј Залагинов, изјавил дека половина час од почетокот на артилериската подготовка, на небото здогледал сјаен метален објект во облик на срп. Долетал од северозапад и наскоро исчезнал од видното поле.
НЛО-то беше темносин на надворешната страна, готово со боја на мастило, додека бојата кон внатрешниот дел од леталото постојано се менувала во портокалова. Според Зелагинов, леталото личело на огромен делфин со различни бои, чиј средишен дел константно се ширел и се собирал.
„Беше импресивен“, изјавил Зелагинов за истражителите.
На големо изненадување, леталото се вратило и од него се појавил зрак насочен кон првата линија на германските тенкови!
Тенковите застанале за момент, а потоа продолжиле да се движат. Неочекувано за сите, одеднаш тие почнале да горат! Русите биле изненадени, бидејќи знаеле дека не била испукана ниту една граната од нивна страна.
Леталото потоа со неверојатна брзина се оддалечило и исчезнало во висините, оставајќи зад себе само мистерија и неверување.
За време на испитувањето од страна на разузнавачите, неколку руски полковници направиле цртеж од она што биле во можност да го видат.
Еден од цртежите е токму горната фотографија.Битката кај Курск била водена во Втората светска војна помеѓу советските и германските сили, во летото 1943 година. Тоа беше една од најзначајните