Германската полиција треба „ако е потребно“ да пука на мигрантите кои се обидуваат нелегално да влезат во земјата, изјави лидерот на десничарската популистичка партија.Германската полиција треба „ако е потребно“ да пука на мигрантите кои се обидуваат нелегално да влезат во земјата, изјави лидерот на десничарската популистичка партија.
„Ниту јас не го сакам ова. Но, употребата на вооружените сили е како последно решение“, рече претседателот на евроскептичката партија Алтернатива за Германија (AFD), Фраук Петри за еден локален весник, пренесува Би Би Си.
Нејзината изјава ја осудија од левичарската партија и синдикатот на германската полиција.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека повеќето мигранти од Сирија и Ирак треба да се вратат во своите домови, кога војните во нивните земји ќе бидат завршени.
Таа на прес-конференцијата на колегите од партијата на централнодесничарската ЦДУ, изјави дека построгите мерки кои ги донесе Германија минатата недела, треба да го запре бранот на имигранти, но дека е сепак потребно европско решение.Германската полиција треба „ако е потребно“ да пука на мигрантите кои се обидуваат нелегално да влезат во земјата, изјави лидерот на де



