Германија ќе ја легализира марихуаната наменета за медицински цели

Канабисот ќе биде достапен за сериозно заболените пациенти во Германија со рецепт во аптеките и неговата употреба би можела да биде покриена и со здравствено осигурување, најави германскиот министер за здравство Херман Груе, пренесува „Раша Тудеј“.Се очекува дека законот ќе стапи на сила во 2017-тата година. Нацрт-законот за олеснување на регулативата за користење на канабис за медицински цели е со цел истиот да биде достапен и за сериозно болните пациенти што претходно не беа во можност да го добијат лекот.
Нацрт-законот се очекува денес да биде одобрен од владата, а потоа да биде доставен во германскиот Парламент за понатамошна дебата.
Клучно е тоа што, со овој закон медицинскиот канабис ќе биде покриен со здравственото осигурување на пациентите.
Во 2014 година, Федералниот суд во Келн им овозможи на тешко болните пациенти да одгледуваат канабис за медицински цели. Лекови со канабис од овој март се продаваат во Хрватска, а кон крајот на минатата година употребата на марихуаната во здравството беше дозволено во Колумбија.
Во некои европски земји како Чешка и Португалија, марихуаната е целосно декриминализирана во одредени дозволени количини, а во Холандија супстанцата е целосно легална уште од минатиот век.Се очекува дека законот ќе стапи на сила во 2017-тата година. Нацрт-законот за олеснување на регулативата за користење на канабис за медицински цел

Пронајдете не на следниве мрежи: