ГЕРМАНИЈА ВО ШОК: Полека се расветлува случајот со исчезнатите деца во Берлин

Откако признал дека сексуално го нападнал, а подоцна со каиш го задавил малиот Мухамед (4), Силвио С. (32) го признал и убиството на малото момче Елијас (6) кој исчезнал во Јули месец во близина на неговиот дом во околината на Берлин.Во овој случај уште пострашно е што можеби овие жртви и не се единствените.

 
Мухамед (4)

Елијас (6)
Надлежните го поврзуваат Силвија С. со исчезнувањето и на пет-годишното девојче по име Инга.
По неа се уште се трага. Исчезнала во почетокот на Мај месец во Германскиот град Стендал.
Таа со своите родители ја посетиле нивната фамилија во домот за наркомани и ментално заболени. Истата сабота кога исчезнала во периодот меѓу 18:55 и 19:20 со неколку дечиња отишла во блиската шума да собере дрва за огрев, но никогаш не се вратила и од тогаш и се губи секаква трага.
Од нејзиното исчезнување 1.000 луѓе и 40 кучиња трагачи со помош на хеликоптери и термални камери го пребарале теренот, но не наишле на никаков значаен траг.

Инга (5)
Ниту пак 150 сведоци кои се јавиле да ги известат надлежните дека ја виделе, не дал никаков корисен траг. Еден сведок тврдел дека ова малечко девојче го видел во берлинската подземна станица.
Родителите на Силвиа барале од него да се предаде и се да признае. Тој со својата фамилија живеел во Калтенборн, каде според луѓето во неговото маало работел како чувар во агенцијата „Потсдамер“.
Неговиот татко веднаш го препознал откако полицијата во јавноста ја објавила последната снимка со која располагала, па веднаш го обвинил додека неговиот син тврдел дека не е тој. Неговиот татко не поверувал и упорно го притискал да признае, каде 32 годишниот Силвија подлегнал под притисоците и се признал.
Неговата мајка веднаш повикала полиција и ги известила за се во врска со злосторствата.Во овој случај уште пострашно е што можеби овие жртви и не се единствените.

Пронајдете не на следниве мрежи: