Германски активисти ја „украсија“ Саудиската амбасада во Берлин со натписот – Банка на ИСИС

Германски активисти со помош на проектор на еден од ѕидовите на саудиската амбасада во Берлин напишаа порака – „Банка на ИСИС“.Германските активисти за човекови права синоќа ја „украсија“ зградата на амбасадата на Саудиска Арабија во Берлин со порака испишана со помош на проектор, а на проекција беше „исцртано“ знамето на најозлоголасената терористичка организација на сите времиња – Исламската држава и натписот „Банката на Даеш (ИСИС)“.
Перформансот го изведе германскиот уметник Оливер Биенковски и организацијата Pixel Helper. Тие истакнаа дека со овој потег сакаат да го насочат вниманието на јавноста на исклучително лошата состојба на човековите права во Саудиска Арабија, но исто така и на бројните информации кои што сугерираат дека Саудиска Арабија ги финансира џихадистите на Исламската држава.
Сепак, и покрај тоа што на сите во светот им е јасно дека во Саудиска Арабија практично и да нема човекови права и слободи, посебно кога станува збор за жените, исто како и тоа што саудиските власти „традиционално“ поддржуваат екстремистички групи – Саудиска Арабија и натаму е важен партнер на САД и западните европски земји.
Одредени извори пренесуваат дека Саудиска Арабија и во Германија финансира радикални исламисти кои што во џамиите шират верски екстремизам. Но, како што споменавме, поради тоа што Саудиска Арабија и натаму се води како еден од главните партнери на Западот на Блискиот Исток, на овие теми во западноевропските земји ретко се зборува, посебно во Германија која што извезува голема количина на оружје во Саудиска Арабија.Германските активисти за човекови права синоќа ја „украсија“ зградата на амбасадата на Саудиска Арабија во Берлин со порака испишана со

Пронајдете не на следниве мрежи: