Германски експерти предупредуваат на опасност од радиоактивни диви свињи

Иако поминаа повеќе од три децении од експлозијата во Чернобил, последиците од нуклеарната катастрофа се чувствуваат и до ден денес, на што предупредуваат и германските експерти, предупредувајќи дека последиците можат да се видат со тестирање на месото на дивите свињи.Германската покраина Саска е повеќе од 1.000 километри оддалечена од Чернобил, но германските експерти тврдат дека постои загриженост поради фактот што радиоактивноста оставила трага врз дивите свињи.
Месото на дивите свињи е многу барано во таа област, а бројните шуми се место на живеење за овие животни.
Редовното тестирање на убиените животни дало резултати на висока концентрација на радиоактивност во месото.
Пред две години беше донесен закон според кој месото на секоја убиена дива свиња мора да се тестира на радиоактивност. Доколку се измери радиоактивност која е поголема од 600 бекерали, убиеното животно ќе мора да се уништи. Минатата година дури 297 примероци од вкупните 752 покажале опасни количества зрачење, а во некои случаи зрачењето било дури 12 пати поголемо од дозволеното. Германската покраина Саска е повеќе од 1.000 километри оддалечена од Чернобил, но германските експерти тврдат дека постои загриженост поради фактот

Пронајдете не на следниве мрежи: