Германскиот заменик амбасадор ја посети „Дрекслмаер“: Компанијата е значаен работодавач во земјава

Германската амбасада во Македонија и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци ќе спроведуваат заеднички хуманитарни проекти и ќе работат на развивање и поддршка на моделот на дуалното образование во средните училишта, кој компанијата веќе го спроведува.Заедничките активности се договорени при посетата на „Дрекслмаер“ на заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Германската амбасада во државава Марко Акватичи.
Како што соопшти денеска „Дрекслмаер“, Акватичи се информирал за предизвиците со кои се соочува компанијата и се запознал со начинот на функционирање, производствените процеси, работните услови и воспоставените стандарди по кои работи.
– „Дрекслмајер“ е германска компанија која во Македонија вработува повеќе од пет илјади луѓе. Како еден од позначајните работодавачи во земјава, компанијата придонесува за развојот на економијата и намалување на невработеноста во овој регион. Драго ми е што во фабриката се работи според високи германски стандарди во сите области од производство, квалитет, работна средина, како и безбедност и заштита при работата, навел Акватичи при посетата.Заедничките активности се договорени при посетата на „Дрекслмаер“ на заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Германск

Пронајдете не на следниве мрежи: