Героски „удри“ по државноста на Македонија: „Ова ниту било, ниту ќе биде држава“

Идеологот на СДСМ и главна медиумска перјаница на опозицијата, Бранко Героски, многу пати досега со недолични зборови “удираше“ по македонскиот народ.Сега отиде чекор понатаму и си дозволи да удри по суштината на цела држава. Во својата најнова колумна, насловена како „Министре Оливер, се е ОК, само без лигавење, молам!“ тој на целиот наш народ му порача дека не живее во држава.
Героски со вакви зборови не упати навреда кон ВМРО-ДПМНЕ, туку ги навреди сите оние кои се бореле и залагале за оваа држава. Овој гласноговорник за политиките од Бихаќка, дејствува против сите оние кои на референдум гласале Македонија ја биде држава.
-Велам, сето тоа го разбирам. И затоа, од Оливер Спасовски не очекувам ама баш ништо. Ниту од полицијата. Ниту од обвинителството. Ова ниту било, ниту ќе биде држава! Само едно го молам СДСМ, од чии редови е избран министерот за внатрешни – аман, немојте денеска да ви текне да нè „браните“ со некое лигаво соопштение кое завршува со „збогум Никола“, да не ми пукне филмот, напиша Героски.
Според Героски, Македонија не е држава и нема да биде. Овој негов став е за остра осуда, но партијата која ја застапува во медиумскиот простор, СДСМ, не се дистанцираше од ваквите ставови.Сега отиде чекор понатаму и си дозволи да удри по суштината на цела држава. Во својата најнова колумна, насловена како „Министре Оливер, се е

Пронајдете не на следниве мрежи: