Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Луиза Винтон, заедно со првиот секретар на амбасадата на Јапонија во Виена, Тојоказу Кубота и градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, ја пуштија во употреба реконструираната пумпна станица „Вардар“ во Гевгелија.Обновувањето и модернизацијата на пумпната станица двојно ќе го зголеми количеството на вода за пиење во гевгелискиот регион и тоа од 50 литри на 100 литри во секунда, со што ќе се задоволат зголемените потреби од вода.
„Бунарите и пумпната станица во бунарското подрачје „Вардар“ започнале да се градат во 1968 година, а биле предадени во употреба во 1970 година, но, оттогаш ова бунарско подрачје, освен редовното сервисирање, не беше реновирано.“, изјави градоначалниот Иван Франгов.
„Во изминатиот временски период, капацитетот на бунарите се намали, а истовремено потребата од вода за пиење во овој регион се зголеми, како резултат на зголемената потрошувачка на вода за пиење, особено во летните месеци“.
Со реконструкцијата беше извршена замена на постојните со нови потопни пумпи, замена на целата електроника и санација на внатрешниот дел на целиот објект во кој се сместени пумпите. Овој проект беше овозможен со поддршка на владата на Јапонија, која за таа цел донираше 80,000 американски долари, во рамките на проектот на УНДП за поддршка на локалните власти во справувањето со мигрантската криза.
Зголемениот транзит на бегалците низ овој регион го зголеми притисокот врз локалните јавни услуги, вклучувајќи ги и снабдувањето со вода и управувањето со отпадот во општините Гевгелија и Куманово.
За надминување на овие проблеми, владата на Јапонија донираше вкупно 2,225,000 американски долари со кои ги поддржа напорите на УНДП за справување со приоритетните потреби. „Владата на Јапонија целосно го разбира фактот дека бегалската и мигрантската криза во исто време претставуваат и хуманитарен и развоен предизвик за засегнатите општини”, оцени Тојоказу Кубота од амбасадата на Јапонија.
„Помошта за овој регион и луѓето кои се загрозени се долгорочен приоритет за нас. Благодарение на Владата на Јапонија сега можеме да решиме некои долготрајни развојни предизвици кои бегалската криза ги изнесе на виделина“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон.
„Инвестициите во снабдувањето со вода и управувањето со отпадот во двете најпогодени општини ќе ги подобрат условите за живот на повеќе од 200,000 жители“.
УНДП и општината Гевгелија во моментов спроведуваат проценка за влијанието врз животната средина за изградбата на нов објект за управување со отпад , чијашто вредност се проценува на еден милион американски долари, кој во целост ќе биде во согласност со стандардите на Европската унија. Градежните активности треба да завршат до крајот на 2017 година.Обновувањето и модернизацијата на пумпната станица двојно ќе го зголеми количеството на вода за пиење во гевгелискиот регион и тоа од 50 литри на 1