Гевгелија осамна во новогодишно руво, со новогодишни елки и украси кои веќе го доловуваат новогодишниот амбиент.Во центарот на градот е поставена голема новогодишна елка, но тоа не е единствената елка, бидејќи и кружниот тек на влезот од градот го краси голема новогодишна елка.
По традиција, освен елките, градот е украсен и со други новогодишни украси, и тоа, на булеварот „Гевгелија“, на улиците „7 ноември“, „Маршал Тито“, „Слободен Митров Данко“, „Димитар Влахов“.
Тоа придонесе новогодишниот амбиент да се почувствува на гевгелиските улици, на задоволство на голем број граѓани, посебно најмладите.
Но, секако и за бројните гости од соседна Грција, кои предбожиќниот амбиент го чувствуваат не само дома, туку и при престојот во Гевгелија.
Најголемиот број граѓани го поздравуваат новогодишното украсување, кое годинава уследи значително порано.
Изведувач на новогодишното украсување е скопската фирма „Линк медиа плус“, која беше избрана по пат на тендер.Во центарот на градот е поставена голема новогодишна елка, но тоа не е единствената елка, бидејќи и кружниот тек на влезот од градот го краси голем