ГИ СПАСИЛ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ: Од реката извлекол вреќа во која имало 5 мали кученца!

Маријан Павиќ (35) од Загреб, успеал да спаси пет мали хаски кои ги чекала сигурна смрт во реката Сава.„Рибарев покрај реката во местото Нарт крај Ивања Река. Почна да дува ветер. Слушнав дека нешто плисна во водата и мислев дека е гранка или риба. Тогаш забележав човек како во Сава фрла вреќа од која се слушаше цвилење“, ја започнал Маријан приказната.
Имено, тој во вторникот успеал да спаси пет мешанци на стафорд и хаски, кои биле стари само неколку дена.
„Веќе ги подготвив стаповите и ја ставив опремата во автомобилот. Потрчав до човекот и го пресретнав. Луто го прашав зошто го стори тоа, а тој без збор седна во автомобилот и си замина“, рекол тој, опишувајќи го несовесниот човек како проќелав и со бела коса, на возраст помеѓу 55 и 60 години.
Од автомобилот извадил стап, ја фрлил јадицата и успеал да ја извлече вреќата на копно.
„За среќа, вреќата беше од тврда пластика и покрај тоа што во неа имаше камен, не потона. Кученцата се обидуваа да земат воздух во неколкуте центиметри вода што навлезе во внатрешноста. Цвилеа и веднаш ги извадив од вреќата, ги исушив и ги однесов кај мојата стрина Марија која живее во близина“, рекол тој.
Иако не сакале да пијат од шише, сите пет кученца се добро и јадат на секои три часа.
„Цел живот живеам покрај вода и рибарам. Читав за вакви работи, меѓутоа не верував дека постојат такви монструозни луѓе. Хаските се прекрасни кучиња, а едното од нив има бела точка на вратот. Едното од нив сигурно ќе го земам за месец ипол дена“, завршил Маријан, додавајќи дека ветеринарката којашто ги прегледала кученцата, се зачудила како воопшто преживеале со оглед на тоа што мора да јадат на секои три часа.„Рибарев покрај реката во местото Нарт крај Ивања Река. Почна да дува ветер. Слушнав дека нешто плисна во водата и мислев дека е гранка или р

Пронајдете не на следниве мрежи: