Ги водеше и солзи ронеше интерпретирајќи ги нелегалните бомби, Заев го направи заменик министер за култура

За ронењето солзи, Лазовски сега е награден со место заменик-министер во новата влада на Заев.Собранието на Република Македонија на денешната петта пленарна седница треба да ги именува замениците министри предложени од премиерот Зоран Заев. За заменик министер за култура е предложен актерот Владимир Лазовски, во јавноста познат по ронењето солзи за време на објавувањето на „бомбите“ на СДСМ.
Во март 2015-та година, токму Лазовски беше водител на трибината на СДСМ што се одржа во Универзалната сала во Скопје. Лазовски дури и се расплака при најавувањето на Зоран Заев на сцената. Дополнително, Лазовски тогаш од улога на водител, актерски ги најавуваше фамозните „бомби“ на Заев притоа интерпретирајќи ги по свое нелегално прислушуваните разговори и додаваше свој наратив.
Во јавноста тогаш се проширија и шпекулации дека солзите на Лазовски биле наплатени во илјадници евра, а тој самиот се фалел со баснословен хонорар за завршената работа. Актерот подоцна ги демантираше ваквите информации. За ронењето солзи, Лазовски сега е награден со место заменик-министер во новата влада на Заев.Собранието на Република Македонија на денешната петта пленарна седница треба да ги именува замениците министри предложени од премиерот Зоран Заев.&

Пронајдете не на следниве мрежи: