Гинеколози продавале смртоносен лек за 500- 800 евра- смртен случај на скопска Гинекологија

Loading...

Постојат сомнежи дека матични гинеколози за сума од 500 до 800 евра им ги продаваат на црно вагиналетите на трудници, од кои минатата недела трудница за малку ја избегна смртта, а нејзиното бебе за жал почина, јавува ТВ Нова.- „Доктори им ги продаваат за пари во ординациите и тоа за сума од 500 до 800 евра. Има индиции и за други случаи но, пациентките не признаваат“, изјави Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија, пренесе Нова.
Гинекологот кој и ги дал вагиналетите на девојката која сакала да ја прекине бременоста во осмиот месец  знаел дека бебето ќе почине, но морал да знае дека го става во опасност и нејзиниот живот. И дал поголема доза, едвај ја спасиле.
„Докторот знаел дека бебето ќе почине бидејќи циркулацијата се пореметува, а дежурната екипа не знаеле за што се работи се додека пациентката не признала. Имаше опасност случајот да заврши со смртни последици и по трудницата бидејќи можело да прсне матката, за што ќе беше обвинет  дежурниот гинеколог на Клиниката“, рече  Јовановска. – „Доктори им ги продаваат за пари во ординациите и тоа за сума од 500 до 800 евра. Има индиции и за други случаи но, пациентките не при

loading...
Loading...