сабота, 28 ноември 2026
Најново

Глупав криминалец: Уапсиле бегалец откако го извршил ледениот предизвик и го ставил видеото на Фејсбук

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американецот  Џесин Морис (20), завршил зад решетки бидејќи на Фејсбук се пофалил со видеото на кое се полева со вода. Тоа видео и помогнало на полицијата да го фати бидејќи Морис ја прекршил  условната казна на која претходно бил осуден.Леден предизвик, глобалната акција за помош за заболените од АЛС, и помогнала на американската полиција  од Небраска да го уапси Џесин Морис (20).  Тој го извршил предизвикот, а видеото го ставил на Фејсбук.
Тоа видео на социјалната мрежа и овозможило на полицијата да го пронајде и уапси Морис, кој надлежните го барале  поради прекршување на условна казна.
При апсењето Морис се претставил лажно, го плукнал едниот полицаец и го оштетил полициското возило. Тој моментално е во притвор, а судијата му одредил кауција од 40.000 долари доколку сака да се брани од слобода.

 
Леден предизвик, глобалната акција за помош за заболените од АЛС, и помогнала на американската полиција  од Небраска да го уапси Џесин Морис (

Поврзани вести