Гниел во затвор 18 години за убиство кое не го сторил и ова е отштетата која ќе ја добие

Њујорчанин кој по 18 години поминати во затвор е ослободен  од обвинението и ќе добие отштета од 4,75 милиони долари.Фернандо Бермудез во соопштението кое го објавиле американските медиуми изјавил дека „отштетата никогаш нема да ја избрише неправдата“.
Бермудез во 1992 година бил осуден на доживотна затворска казна поради убиство на 16-годишно момче, а судијата во 2009 го прогласил за невин.
Неколку очевидци кои го идентификувале Бермудез како убиец подоцна ги повлекле своите изјави. Неговите пријатели сведочеле дека Бермудез бил одалечен со километри за време на убиството.
Државното обвинителство соопштило дека настојува да „се осигура оние кои погрешно се осудени да бидат обештетени“.Фернандо Бермудез во соопштението кое го објавиле американските медиуми изјавил дека „отштетата никогаш нема да ја избрише неправдата“.

Пронајдете не на следниве мрежи: